Еве како да го продолжите траењето на батеријата на вашиот лаптоп


Иако лаптопите денес се многу напредни, траењето на батеријата за многумина од нив и понатаму е голем проблем. Многу често се случува батеријата пребрзо да се потроши, а ако се наоѓаме некаде каде што не можеме да ја наполниме, целата приказна станува уште полоша.

Сигурно и вие барем еднаш сте имале проблем со празна батерија на лаптопот. За такво нешто да не се повтори, ви носиме неколку корисни совети кон кои може да се придржувате за од батеријата да го извлечете и последниот атом на сила.lap top baterija

1. Затворете ги сите непотребни програми и апликации кои работат во позадина. Спречувањето на вашиот лаптоп паралелно да извршува голем број на непотребни задачи ќе го продолжи траењето на батеријата.

2. Намалете ја светлината на екранот. Држењето на екранот на максимална светлина има големо влијание врз траењето на батеријата.

3. Ако имате обичај на лаптопот да слушате музика, ќе мораме да ве разочараме. Звучниците на лаптопот воопшто не се енергетски ефикасни и се големи потрошувачи на батеријата.

4. Исклучете ги Wi-Fi-то и Бтутутот кога не ги користите. Тие можат да ја трошат батеријата и кога не се поврзани на мрежа или некој уред.

5. Уклучете го „Power Saving mode“ на вашиот лаптоп. На Windows кликнете на иконата на батеријата во долниот десен агол, а потоа кликнете на „Power Saver”.

6. Одржувајте ја вашата батерија „здрава“. Не изложувајте ја на екстремни температури (како високи, така и ниски), а полнете ја само кога е целосно празна.

Tocka.com.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1