Речиси никој не ги сака грмотевиците. Посебно кога е на отворено. Сепак, постои еден начин на кој може да се пресмета колку сме далеку од громот
2-Штом ќе ја видите, започнете да броите во себе. Во моментот кога ќе го слушнете громот престанете да броите.
3-Звукот „поминува“ еден километар за три секунди. Значи, ако сакате да знаете колку километри сте оддалечени од громот, бројот кој ќе го добиете откако ќе изброите, треба да го поделите со бројот три.
Колку за пример, ако од моментот кога се појавила молњата, до моментот кога се слушнал звукот на громот, сте избројале 18 секунди- вие сте оддалечени шест километри од громот (18:3=6)
4-Ако сакате попрецизна пресметка, односно да видите колку метри сте оддалечени од громот, тогаш потребно е бројот кој е добиен да се помножи со 340. Тоа е така затоа што звукот за една секунда поминува околу 340 метри.