Меланија Трамп која е прва дама на САД сите ја знаеме, но помалку е познато дека Трамп се има женето три пати. Првиот пат со Ивана Трамп, а вториот со Марла Мејплс .
Сите три венчавки на Доналд биле проследени со огромно медиумско внимание.
Марла е актерска дива чија љубов со Доналд почна бурно уште пред тој да се разведе од првата жена. Судбоносното ДА го рекле пред 24. години, а потоа ја добиле ќерката Тифани. Се венчале во 1993. а бракот не траел долго па се развеле во 1996.
Таа и по разводот имала само пофалби за Доналд.
Марла и денеска живее на релација Америка – Италија, изгледа одлично и има линија на која може да и позавидат и помлади девојки.