Еве како се урнал хеликоптерот во Србија – последниот разговор меѓу пилотот и контролата на летот!


На снимката се слуша како пилотот Омер Мехиќ најавува дека ќе слета на “ВМА”, како и неговите последни зборови – “Не ја гледам пистата, морам да се кренам”.

Министерството за одбрана на својата веб страна објавило видео записи од комуникацијата меѓу контролата на лет и екипажот на хеликоптерот “MI-17”, кој се урнал на 13. март кај Сурчин.helikopter bebe

На снимката се слуша кога Омер Мехиќ вели: “Одиме на “BMA”, дестинацијата е “ВМА”. Моментална висина 1.800. Дестинацијата е “ВМА”, доколку е одобрено”.

На тоа контролорот на летот му одговара: “Океј, продолжете вие кон “BOGGY”, сега колегата ќе искоординира со останатите. Ние разбравме дека е договорено слетување во Белград и дека таму е сè организирано, санитет и друго”.pilot helikopter belgrad
Мехиќ на тоа вели: “Слетувањето е на “ВМА”, имаме бебе кое е животно загрозено и слетувањето ќе биде на Бањички вис и таму би требало да не дочека екипа”.

Контролата на лет вели: “Океј, продолжете во насока на “BOGGY”, неколку километри…”

Целиот тек на разговорот меѓу Мехиќ и контролата на летот можете да го слушнете во приложеното видео:

Во најголемата хеликоптерска трагедија во Србија од 1996. година, во таа кобна ноќ загинале бебе старо пет дена од семејство Адемовиќ, мајорот Омер Мехиќ, капетанот Милован Џукариќ, Небојша Драјиќ и Иван и Миладиновиќ, анестезиологот Џевад Љајиќ, инаку роднина на министерот на Расим Љајлиќ, и техничарот Мирослав Веселиновиќ од Нови Пазар.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1