Еве како со варакина да ја исчистите мувлата дома


Идеални места за развој на мувлата се влажни површини, како што се влажни делови на ѕидовите или истурена течност на подот при капењето во бањата. Причина за нејзина појава може да биде и недоволно греење и циркулација на воздух во услови на зголемена влага во просторијата,а тогаш најчесто се појавува во аглите на собата, позади завесите, плакарите, како и на споевите на прозорците. Мувлата на ѕидовите се манифестира во вид на точки со црна, сива или кафена боја.

Ви презентираме постапка за отстранување на мувла со средство за белење (варикина), како алтернатива на специјалните фунгицидни средства:

Во распрскувач ставете смеса од вода и средство за белење (на база на хлор), и тоа во соодност 3 дела вода и 1 дел средство за белење. Испрскајте го самото место на мувлата и околу него, и оставете да делува средството најмалку 20 минути. Откога ќе се исуши, повторете ја постапката. 

Мувла во аголот на ѕидот пред прскањето
otstranuvanje_muvla1

Состојба после второто прскање
otstranuvanje_muvla3

Работната површина на крај може да ја измиете со вода и благ детергент (на пример, течност за миење садови). При постапката употребувајте ракавици, стара облека и заштитни очила.

Sezadomot.com.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1