Еве како ве тераат да трошите пари – што се крие зад разните попусти


Супер-попуст од 99 дени- Трговците често ги примамуваат купувачите со натписите „Финална акција“, „Големо намалување“, „Супер цена“ и слично. Меѓутоа, покрај производите мора да стои и претходната цена. Граѓаните често поради ситните букви не забележуваат дека понекогаш разликата во цената е само 99 дени.

popust3„1+1 гратис“ или „3 за 2“- Иако наизглед станува збор за многу примамлива понуда, често обидите на трговците да се решат од производите кои слабо им се продаваат или на кои им истекува рокот на траење. Освен тоа, често пресметката излегува дека заштедуваме 20%, а не дека добиваме еден производ гратис.

Цени 99- Експертите објаснуваат дека културолошки сме  условени така што, бројот 99 го поврзуваме со попусти. Бидејќи броевите ги читаме надесно, цената од 999 денари, нашиот мозок не ја сфаќа како 1.000 денари. Ова е еден од најстарите трикови, кој се уште врши добра работа.

Измешани цени- Производот со снижени цени често стои пред сличните производи со полна цена. Така купувачите кога ќе дојдат до касата ги дочекува шок, затоа што по грешка констатирале дека цената на производот е поевтина од вистинската цена.

Нова Македонија

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1