Еве како заработуваат бесплатните апликации


Иако главно се бесплатни, игрите како “Pokemon GO” им носат огромна заработка на своите креатори, преку потегот познат како “freemium”.

Накратко, производителите го монетизираат процесот на играње, а не самата игра. Најпрво производителите поставуваат вирутелна валута која на прв поглед не делува како вистински пари.iphone6666

Сепак, тоа е далеку од вистината, а заработката е скоро загарантирана бидејќи многу студии покажале дека луѓето порадо ги трошат парите кои се наоѓаат на нивните картички отколку оние кои ги држат во раката.

Станува збор за постапка со која се поставува “мени” подалеку од главното случување во играта, каде поради психолошки трик одредени луѓе немаат чувство дека вложуваат вистински пари.

Следниот трик е конвертирањето. Имено, доколку во играта имате средство за купување (на пример, златници) со кои морате да набавите други вредности објекти (на пример кристали), купувањето на златници со парите од кредитната картичка станува “полесно” од проста причина што конвертирањето на парите во трета партија бара пресметка.

Исто така, производителите на игрите ги мамат вашите пари и во моментите кога губењето на одредено ниво станува скоро неизбежно или кога ќе наидете на наизглед нерешлива препрека. Но, не грижете се, секогаш можете да го купите правото да поминете низ препреките.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1