Еве какво ќе е времето вечерва


Во текот на новогодишната ноќ ќе се задржи умерено облачно и доста студено време. Температурата во земјава ќе се движи од минус 15 до минус четири, а во Скопје до минус девет степени. Ќе продолжи да дува умерен до засилен северен ветер.plostad ace sneg nova godina

Најстудено утро се очекува во петок кога температурата ќе се спушти од ­20 до ­11 степени. Дневната температура, пак, од петок ќе биде во постепен благ пораст и за време на викендот ќе достигнува од ­5 до 5 степени.

До петок ќе се задржи многу студено време, особено во утринските часови, а ќе има и појава на голомразица. Ќе дува северен ветер повеќе изразен на повисоките места и на планините.

Од сабота се очекува постепено затоплување, односно покачување на дневната и на утринската температура.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1