Наутро среда носи генерално ведро време, а слично ќе се задржи во поголем дел од претпладнето. Можно е само мало и локално котлинско „замаглување“ наутро. Попладне очекуваме тренд на постепено наоблачување, додека навечер облачноста нагло ќе се зголеми, за во ноќта кон четврток локално да започне новиот бран врнежи.
Во текот на денот ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.
Утрото ќе биде малку посвежо во однос на вторник.
Минималната температура ќе има вредност околу 3°С низ поголем дел од населените места. На повисоките места минималната температура ќе се ќе има вредност околу -3°С.Максималната температура во поголемите населени места во источниот регион ќе има вредност околу 14°С. Температура малку под 10°С се очекува на повисоките населени места.
Во скопската котлина очекуваме претежно сончево претпладне, умерено облачно попладне и облачна вечер. Денот ќе биде ветровит. Минималната температура ќе има вредност околу 3°С. Максималната температура ќе има вредност околу 15°С.
meteopro.mk