Маркетинг индустријата има неверојарно влијание на нас, а играјќи со нашите заблуди и стравови компаниите не примамуваат да купуваме брдо непотребни работи. Бизнис инсајдер објави листа на шест индустрии кои остваруваат огромен профит од нашата несигурност.
Теретана
Вежбањето е здраво и убаво влијае на телото. Теретаната е место на кое има еден куп на справи за вежбање, но сепак, 67 проценти од членовите во фитнес клубовите никогаш не одат во теретана и затоа плаќаат многу повеќе отколку оние кои плаќаат за поединечна посета во фитнес центар.
Здрава и диетска храна
Иако не постои сигурно истражување кое ја докажува нивната делотворност, пазарот на витамини и други додатоци за исхрана во 2011 година тежел околи 28 милијарди долари. Пазарот на производи за слабеење замо во 2010 година вредел околу 60 милијарди долари, иако истражувањата покажуваат дека диетите се краткорочни и имаат јојо ефект на повторно враќање на килограмите.
Облека
Според последните истражувања, секој жена во просек има околу 22 фустани кои никогаш не ги облекува. Американците годишно трошат околу 331 милијарда долари на овлека, иако во регалите веќе имаат огромен број на необлечена облека. Ова се случува поради тоа што луѓето сакаат да купуваат работи кои веќе ги имаат, на пример сличен крој на панталони, иста боја на блузи или патики.
Оваа индустрија заработува 52 милијарди долари затоа што за секој дел од домот постои различно стредство за чистење. Рекламите за средства за чистење ве тераат да верувате дека бактериите ги има на секој чекор и дека е потребно токму тоа средство кое сакаат да ви го продадат.
Производи за деца
Одредени производи за деца се навистина добри, но компаниите често извлекуваат пари од родителите за некои потполно непотребни работи рекламирајќи ги како органски, најмалку токсични и како производи кои ја поттикнуваат функцијата на мозокот на детето. Токму поради ваквите пароли почнувате да се прашувате како растеле генерациите пред да се измислат сите овие нови „неопходни“ изуми.
Производи за домашни миленици
Се проценува дека американците во 2012 година потрошиле 53 милијарди долари на своите домашни миленици. Причината за ова е тоа што американците имаат за една третина помалку пријатели отколку што имале пред 20 години, а се поголем е бројот на луѓе кои немаат партнер во својот живот па цела своја љубов и енергија им ја посветуваат токму на своите миленичиња.