Еве кој ќе има право на откуп на стаж за пензионирање?


Во месец мај се очекува да стапат на сила законските измени со кои граѓаните ќе можат да си го докупат стажот за пензионирање. Со овој проект ќе се воведе законска можност која ќе се однесува претежно за пвосрасната категорија на гражани кои ја изгуиле работата во 90 -те години кога гоелм број на компании се затворија, а многу граѓани останаа без работа. На овој начин сакаме да им помогне на голема категорија граѓани да го остварат правото на пензија, вели за „Лидер“ Диме Спасов, министер за труд и социјална политика.82270_penzioneri-01-foto-s-pasalic-polozena_f

-Со проектот откуп на стаж се планира да се воведе законска можност претежно за оние повозрасни категории на граѓани кои што најчесто ја изгубиле работата во периодот на 90-те години кога голем број на компании се затворија, а голем број на луѓе останаа без работа.

Следствено на тоа сакаме да обезбедиме можност на некој начин да им помогнеме, на илјадници и илјадници граѓани да го остварат своето право на пензија или пак на повисока пензија, односно со законска можност да имаат право да го откупат стажот кој што во минатото го работеле во компании без оглед на сопственоста на компаниите кои што во моментов не постојат, односно згаснале како резултат на стечај, ликвидација или од најразлични причини,по повласнета стапка , што значи оние граѓани кои што работеле во компании кои не им го платите стажот, а како резултат на тоа не можат да остварат пензија, не можат да остварат повисок износ на пензија, да создадеме можност самите да си го откупат стажот по повластена стапка,  објаснува Спасов.

„Лидер“: Колку граѓани ќе се опфатат со оваа мерка?

-Колку граѓани ќе се опфатат со оваа мерка ќе зависи од самиот интерес кој ќе го имаат граѓаните и нивната желба, инаку ќе се опфаќаат практично сите работници кои што во минатото работеле во компании кои што мо моментов не постојат, се затвориле поради најразличен основ- стечај ликвидација и исто така имаат неплатен стаж односно сите тие ќе имаат можност по повластена стапка да си го окупат стажот. Според проценките очекуваме да се опфатат 20 илјади луѓе кои би можеле да го искористат ова право. Самите законски измени набрзо ќе влезат во законска процедува, очекуваме да стапат на сила во текот на месец мај и со самото тоа граѓаните да добијат можност да си го откупат стажот, вели Спасов.

Мерката е барање на работниците

На барање на голем број работници од пропаднати фирми, кои поради стечај или од други причини подолго време не постојат или не работат, Владата најде решение како да го откупат стажот и тоа наскоро ќе биде преточено во закон, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски на народниот собир во Прилеп.

-Со новите законски измени кои ќе следуваат, се предлага работниците од ваквите фирми да можат да си го платат придонесот за пензиско и инвалидско осигурување за неплатени придонеси заклучно со 31.12.2008 година, со оглед дека од 1.1.2009 започа системот на интегрирана наплата на плати и придонеси, по намалена стапка, рече Груевски.

Тој додаде дека и работниците биле залажувани од ветувањата на СДСМ, потсетувајќи дека ВМДРО-ДПМНЕ е партијата што ја обезбеди загарантираната минимална плата.

– Се изнаслушаа ветувања од СДСМ. Никогаш не ја добија толку бараната загарантирана со закон минимална плата. ВМРО не ја вети, но ја обезбеди, како што ги обезбеди и сите работници кои работеа во доминантно државни фирми, а отидоа во стечај, рече Груевски во Прилеп.

Целото интервју прочитајте го на ЛИДЕР

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1