Еве што ќе ви земе извршителoт – долната облека и компјутерот не се на списокот


Старите телевизори не се интересни за извршителите, зашто никој не им ги купува, но без размислување би земале пијано, персиски килими, уметнички слики, луксузен мебел, ама нив ги нема во домовите на должниците

nevrabotenost2Телевизори, клима-уреди, машини за перење алишта и садови, микробранови печки, лустери, килими, троседи, двоседи, се најчестите предмети кои извршителите ги изнесуваат од домовите на граѓаните-должници. За наплата на долг може да се земат и бунди, вредни уметнички слики, златен накит, сребрен есцајг, мебел со антиквитетска вредност, пијано.

Според Законот за извршување, извршителот има право да влезе во домот на должникот, да направи попис на предметите што ги поседува, да заплени дел од нив и потоа да ги продаде на јавно наддавање.

denari_191010Кога влегуваат кај должниците извршителите имаат и полициска придружба, проценител, носачи, а сето тоа се плаќа.

Од домовите на граѓаните не смее да се земе се. Законот за извршување пропишува дека не смее да се земаат облека, обувки, долна облека и други лични предмети, постелнина, садови, мебел, шпорет, ладилник и друго со вообичаена вредност, потребно за задоволување на основните потреби за домаќинството. Не смее да се запленува ниту храна и огрев во залихи за три месеци, ортопедски помагала и слично. Иако е дозволено, извршителите не одземаат ни компјутери, зашто во нив има лични податоци, а не ги погледнуваат ни старите телевизори, бидејќи не можат да ги продадат за повеќе од 1.000 денари. Најлесно се продаваат телевизорите, климите и другата техничка стока, а најтешко троседите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1