Еве што се признале џихадистите: Сознанија на тајните служби после апсењето на терористите


Откако белгиската полиција во Брисел го фатија Салах Абдеслам,за истражителите сега примарно е да го натераат да прозбори. А ако судиме по она што изјавил неговиот адвокат, тоа многу лесно може да се случи.

Претходниот пат прозборе Николас Морео, француски државјанин фатен во 2015 година откако 2014 година ја поминал борејќи се како џихадист во редовите на ИД во Сирија. Како и останатите милитанти во ИД од Европа така и тој бил ситен криминалец, разочаран од животот во Франција без некакво посебно верско образование. Неговата специфичност била во тоа што ја променил верата. Јавноста одредени детали дозна откако BBC ги приложи после сослушувањето.pariz-terorizam-terorista-salah-abdeslam-foto-reuters-1453130605-826527-724x400

Кажал дека повеќе не можел да ја поднесе неправдата во Франција, како и дека во својата земја повеќе не ја гледал својата иднина. На истражителите им опишал многу дополнителни непознати работи за тоа како функционира оделението на ИД односно терористичката операција. Објасни дека исто така за терористичките удари добиваат по 50.000 евра, а има и податоци дека 1.500 припадници бараат шпиуни во своите редови во Ирак и Сирија. Тој исто така бил оној кој на истражителите им го открил името на човекот кој ги раководел нападите низ Европа во 2015 година. Тоа бил Абделхамид Абаоуд.

Споделил подетални информации и за милитантот Ред Хаме, фатен во Франција. Посебно вредно било тоа што итражителите на тој начин дознаел дека Абаоуд имал намера во Европа да подготвни уште еден терористички напад додека не му истече неговиот француски пасош. Имено Абаоуд го опишал како многу цврста личност, одлучен и опасен.

Објаснувал дека мора да ги бираат најлесните мети, цивили во големи групи како рок концерти и додаде дека откако бомбата ќе експлодира најкорисно е се почекаат специјалците и тогаш да се започне со оган врз нив и така да загинат. Секако дека смртта на цивилите најмногу ги интересирала, сметајќи дека Франција ќе ја промени својата политика доколку се убијат доволно цивили.brisel-teroristicki-napad-teroristicka-celija-foto-printscreen-cnn-1458809581-871125

Сите тие податоци довеле неодамна да упаднат полицијата во стан во Белгија кој го користеле припадниците на терористичката ќелија на Абаоуд, каде убиле двајца негови соработници со кои бил уште во Сирија. Еден од нив го откриле преку повиците со Абаоуд, и се воспостави дека е во Грција. Тогаш започнала трката со времето во која Мосад и ЦИА се обиделе да го фатат пред да дојде до Сирија. Но успеал да им побегне.

Таму станал министер за војни во ИД. Продолжиле да го следат и дознале дека воспоставил врска со неколку турски трговците со луѓе како би праќале терористи низ Европа. Тоа ги довело и до сознанието дека Мухамед Абрини е еден од париските ќелии, кој летото 2014 го поминал во Велика Британија.
Во октомври MI5 и MI6 заедно со тајните служби од другите европски земји се обиделе да влезат во траг на 60 терористи за кои знаеле дека Абаоуд ги пратил во нападите во Франција, Белгија, Германија и Велика Британија.

Бидејќи тајните служби го имаат Салах Абдеслам, на терористите од ИД ќе им биде потешко да се пробијат до Европа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1