Еве што треба да направите за да си ја повикате среќата во новата 2014


Среќата во новогодишната ноќ се повикува на повеќе начини. Некои обичаи можат да бидат чудни, други смешни, но сите ги спојува надежта во неопходно подобро утре. Ништо нема да ве чини доколку пробате.

Техниките за повикување среќа во годината која доаѓа се разликуваат од земја во земја.

Old-Life-New-LifeВо Аргентина, на пример, уверени се дека до љубов во наредните 12 месеци може да се дојде со носење на нова розова долна облека во новогодишната ноќ.

Зошто токму розова, кога по тоа е позната црвената, никој не знае. Доколку ви е сепак потребна финансиска инјекција, долната облека мора да биде жолта.

Исто така, за да ја започнете годината „на десна нога“ точно во полноќ направете чекор, секако со десна нога.

Бразилци се убедени дека ќе ги избркаат злите духови доколку носат бело.

За да се осигура доволно количество среќа неоходно е да се прескокнат седум бранови.

Ако посакувате напредок во Шпанија ќе ви кажат дека задолжително со секое отчукување на часовникот во полноќ треба да изедете по едно зрно грозје.

Не се знае колку Руси се придржуваат до правилата дека до пред изминувањето на првата минута од толку чеканата нова година, треба да се испие чаша шампањ, во која има пепел од хартија на која сте ги испишале желбите, а потоа сте ја запалите.

На Нов Зеланд можете да тропате во шерпи и лонци колку што сакате. Што повеќе има бучава, тоа е поголема шансата среќата да дојде.

Во Шкотска на почетокот на годината се брза кај соседите или пријателите, затоа што оној кој прв ќе мине шпреку нечиј праг, тој нема да ја симне насмевката од лицето.

Колумбијците кои сакаат годината да им биде исполнета со патувања, во новогодишната ноќ ќе излезат на улица со празни кофери и ќе ги провозат по околината.

Во Чиле, дури и ако не сакателеќа, не смеете да се жалите. Ако сакате работа и пари морате да изедете лажица полна со леќа.

Не само во оваа латиноамериканска држава, туку ширум планетата, генерално чистење на куќата се практикува за да се истера лошата енергија.

Денешен

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1