Еве трик како лесно да ги направите познатите поширани јајца


Еден од предизвиците во кујнате е поширањето на јајца. Да се добие совршената текстура без јајцето да ни се разлие низ водата е многу тешко и бара многу вежбање.

posirani jajcaНо има еден трик кој ќе ви помогне да го направите тоа од прва!

За подготовката ќе ни е потребна една чаша како поддршка на фолијата. Ставаме 2 слоја фолија врз чашата и со тупаницата правиме вдлабнатина за јајцето. Го кршиме јајцето внатре.  Поширањето на јајца во кесички ни дозволува да додадиме секакви вкусови на јајцето пред да го зготвиме!

 

Така да, прво посолуваме и потоа ги додаваме сите зачини што сакаме. бибер, буковска пипер и малку суво оригано. Можe да се додади било која ароматична тревка, свежа или сува, зачини, сосови (сенф, табаско…) или други додатоци.

posirani jajca2

Кога сé е внатре, ги затвораме краевите од фолијата формирајќи кесичка и ги врзуваме со кујнски конец (или со конец за заби Оставаме еден крај од конецот подолг и со нео ги прицврстуваме кесичките на рачката од дрвена лажица. Тоа ќе ни помогне кесичките да пловат во водата додека се готват и јајцата ќе си ја одржат тркалезната форма.

posirani jajca3

Во тенџере полниме вода и ги потопуваме јајцата потпирајќи ја лажицата на работ на тенџерето. Ја загреваме водата без да дозволиме да почни да врие. Штом ги забележиме меурчињата на дното, ја намалуваме температурата и оставаме јајцата да се варат 3-4 минути.

2013-08-20 18.58.19

Ја отстрануваме фолијата со големо внимание/ прво го сечиме чворот и потоа полека ги лупиме страмите. Јајцето го сервираме со голема лажица внимавајќи да не пукни. Се служат во истиот момент и се јадат топли.

cocinandoparacarlesmk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1