Еве зошто вашата облека изгледа евтино


Ако сакате да направите трик со кој дури и најевтината облека ќе ви изгледа отмено и скапо, задолжително почитувајте ги овие 7 правила:

1. Облека со набрани делови

Покрај тоа што првичната намена на наборите е да ги сокријат недостатоците, може значително да го намалат квалитетот на облеката. Наместо тоа, бирајте облека со строги линии или ако веќе сакате нешто поинакво, одберете точно обликувани фалти наместо лежерни набори.7-pricini-poradi-koi-vasata-obleka-izgleda-evtino-02

 

 


2. Нитни и бижутерија зашиена за облеката

Бижутеријата не секогаш делува модерно, посебно не кога е закачена за вашата блуза. Посебно ако ви се откачи некој циркон, дури тогаш вашата маичка или џемпер ќе изгледа евтино и износено. Затоа одбирајте едноставни парчиња облека. Накит секогаш можете да додадете.

 


521-660x3003. Темна плетена облека

Првите неколку носења може да ви делува прекрасно, но по неколку перења и сушења боите избледуваат. Па, наместо да се нервирате зошто омилената црна ролка веќе ви е за фрлање, подновете се со бела или некоја друга светла боја. Ќе делува свежо и чисто.

 

4. Тантела

Можеби сакате да изгледате отмено и префинето, но тантелата сè повеќе ги губи овие карактеристики. Наместо евтините реплики кои се лесно достапни во секоја продавница, одберете едноставен фустан со мрежест дел или маичка на која тантелата е само украс.7-pricini-poradi-koi-vasata-obleka-izgleda-evtino-05

 

 


5. Мали, комплицирани принтови

Колку помал и покомплициран е принтот и шарата на вашето здолниште, толку поголеми се шансите да изгледа евтино и износено. Наместо тоа, фокусирајте се на графичките принтови кои делуваат секогаш модерно.7-pricini-poradi-koi-vasata-obleka-izgleda-evtino-03

 


6. Соодветна големина

Соодветната големина дефинитивно е најважна. Ако ракавите се предолги или работ кај рамениците ви е на средина на раката, облеката ќе изгледа евтино и смешно. За да ја избегнете погрешната големина на јакни, сакоа или џемпери, пробајте повеќе броеви. Големините веќе не се стандард.

 


7. Несоодветно поклопување на шарите

Кога и да пробувате шарена облека со дезен, задолжително проверете ја симетријата. Ако е кошула – закопчете ја. Ако е здолниште – добро разгледајте го од сите страни. Ако шарите не се поклопуваат, дефинитивно ќе делувате евтино и тука нема двоумење.

Popara.mk

 

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1