ЕВН ги санираше сите дефекти, граѓаните нема да плаќаат за замена на броила и санација


ЕВН Македонија соопшти дека ги санираше сите дефекти во дистрибутивната мрежа во најпогодените подрачја од поплавите во скопскиот регион.

– Со интензивната работа на екипите на ЕВН Македонија на терен, во овие подрачја сите 110 трафостаници кои беа во прекин од големото невреме се под напон и скоро сите корисници во овој регион имаат електрична енергија, поосочуваат од ЕВН.struja skopje

Воедно се наведува дека кај околу стотина корисници по нивно барање се уште не е пуштена електричната енергија, бидејќи нивните подруми и домови се под вода и целосно е уништена внатрешната инсталација.

За овие корисници и натаму важи апелот да ги спуштат надолу осигурувачите ако имаат нови спратни табли или да ги извадат осигурувачите ако имаат од постариот тип на спратни табли. Апелираме овие инструкции да се почитува за да се избегнат несакани последици бидејќи во домовите има мокри зидови и влажни електрични апарати и кабли. За да се избегнат несреќи од ваков вид граѓаните да не преземаат ништо на своја рака и да бидат во целосна координација со екипите на ЕВН Македонија.

– Екипите на ЕВН ќе останат на терен за санирање на евентуалните помали прекини во снабдувањето и ќе работат на замена на оштетената енергетска опрема. Заради точно информирање потенцираме дека замената на броилата во поплавените подрачја и санацијата на мрежата се на товар на ЕВН Македонија и ниту еден корисник од овие региони не платил ниту ќе му биде наплатено за оваа услуга. Оттука, како невистинити и тенденциозни ги сметаме сите информации што се јавија на социјалните мрежи во кои се тврди спротивното, стои во соопштението.

Од компанијата истакнуваат дека нивни екипи со сите расположливи капацитети ќе работат на терен и во следните денови, за што побрзо да се санираат штетите и да се обезбеди нормално снабдување со електрична енергија во сите населени места погодени поплавите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1