Граѓаните кои деновиве пријавија дека им се расипал некој од куќните електронски апарати, можат да добијат обесштетување од ЕВН Македонија, ако се утврди дека причина за расипувањето е прекинот со напојувањето со електрична енергија.
Од ЕВН велат дека граѓаните кои имаат ваков проблем може да се обратат кај нив, по што комисија од експерти врши увид во домот на оштетените.
– Според процедурата, треба да се поднесе барање до соодветниот кориснички центар на „ЕВН Македонија“, по што комисија излегува на увид, прави процена и изготвува соодветно решение и одговор. Во случај причина за штетата на апаратите да не е ЕВН, а корисникот да не е задоволен од наодот, правдата или докажувањето може да го побара на суд каде што одговара и ЕВН. Во случај да се потврди дека причинител е ЕВН, ако е можно апаратите се поправаат, односно се сервисираат, а ако не е можно се заменуваат или се враќаат парични средства во сума соодветна на штетата – велат од „ЕВН Македонија“.