Куна или ласица синоќа го предизвикала дефектот поради кој половина Скопје снема струја околу 20.30 часот.
Како што известуваат од ЕВН, животинчето влегло низ отворот за вентилација во киловолтната трафостаница Козле и го предизвикало краткиот спој што предизвика пад на системот за електрична енергија.
Бе струја синоќа останаа дел од населбите Карпош, Тафталиџе, Жданец и Козле, Капиштец, Црниче, Водно, а не светеше нит Милениумскиот крст на Водно.
Екипите на ЕВН Македонија веднаш излегле на терен и интервенирале во системот, по што дел од корисниците веднаш добиле електрична енергија. Некои корисници без електрична енергија останале неколку часа. Денеска се работи само уште на улицата Козле.
И Драмскиот театар остана без струја среде претстава, а публиката осветлувајќи со мобилните телефони ја поддржа екипата да ја изведе до крај претставата „Живот во тесни чевли“.