Европската комисија соопшти денеска дека ги добила од Европската унија парите од Нобеловата награда за мир, која на Унијата и беше доделена во октомври. Средствата ќе бидат искористени за поддршка на проекти поврзани со деца, кои настрадале во војни во целиот свет.
Одлуката за насочување на сумата од околу 930 илјади евра кон вакви проекти е донесена заеднички од претседателите на Европската комисија, Европскиот парламент и Европскиот совет.
Следните недели треба да биде прецизирано кои проекти ќе ги добијат парите.