Европа воведе нови пониски цени на роамингот


Новите цени за роаминг во Европската унија стапуваат на сиула од денеска.

По промените појдовните повици во земјите од ЕУ ќе чинат колку и кај операторот во сопствената земја.roaming eu

Во некои земји тоа може да е речиси бесплатно, со мала доплата – околу 5 евроценти. Цената за дојдовен повик во странство ќе се формира со малку поголема камата – околу 1 евроценти.

Цените на пораките ќе бидат како цените на мобилниот оператор, со дополнителни трошоци од 2 евроценти. Се менуваат и цените на мегабајт интернет. Полнењето ќе биде според личниот план кај мобилниот оператор плус 5 евроценти максимална цени.

Од 15 јуни 2017 година, пак, нема да има никакви дополнителни трошоци за роаминг, а телекомуникациските услуги ќе се наплаќаат на истата тарифа како националната. Таксата за роаминг отпаѓа, под услов ако користите телефон во странство привремено. Се уште ќе можат да наплаќаат за постојано користење на SIM картичка во друга земја

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1