Европската унија соопшти дека цените за разговори и користење на интернет услуги преку мобилни телефони чии сопственици патуваат во други земји на унијата, ќе бидат намалени за повеќе од половина
Од Европската комисија информирапе дека новите тарифи за роаминг ќе стапат на сила од денеска со почетокот на летната сезона на одмори.
Новата цена за еден мегабајт користење на податоци ќе биде намалена за 55 отсто, од сегашните 45 на најмногу 20 евро центи.
Телефонските повици и СМС пораки во странство ќе бидат поевтини за околу 25 отсто.
ЕУ од 2007 година почна со намалување на наплатата на роаминг и планира негово целосно укинување до 2016 година, пренесува белградска Политика.