Просечниот жител на Европската унија оди на одмор 5,2 дена. Иако Грција е во криза, нејзините жители се рекордери по должината на летувањето. Тие во просек одмораат подолго од една недела или остваруваат по 7,5 ноќевања.
Зад нив се Кипарците со 7,2, па Белгијците со 7,1 ноќевање на одмор. Помалку од една недела летуваат жителите на Луксембург, кои имаат 6,2 ноќевања. Италијанците на одмор ноќеваат 6,1 дена, Холанѓаните 6, Словенците 4,2, Чесите 4,1, Финците 3,4, а најкратко на одмор остануваат Естонците, само едно ноќевање.
Просечниот Европеец на летување троши по 335 евра, а Грците, иако одмораат подолго, трошат помалку, 206 евра по човек. Најголеми трошаџии се жителите на Луксембург, со 748 евра по човек, а Германците се поскромни и трошат по 469 евра. Најмал трошок прават Романците, по 104 евра.
Според Државниот завод за статистика, три четвртини од македонските граѓани, односно над 74% не одат на одмор. Но, тие што одат не штедат и во просек, ноќеваат по 11 дена, а дневно трошат по 869 денари со превоз или 803 денари без превозот.
Еве кој колку дена оди на одмор.
Грција 7,5 ноќевања
Кипар 7,2
Белгија 7,1
Луксембург 6,7
Италија 6,1
Холандија 6
Словенија 4,2
Република Чешка 4,1
Естонија 1
Унгарија 3,7
Данска 3,6
Финска 3,4
Латвија 3.1