Европол: Околу 5.000 џихадисти се во Европа спремни за напади на цивили


Меѓу 3.000 и 5.000 таканаречени „странски борци“, односно државјани на земји од ЕУ, кои се обучувале во кампови на џихадистичката група Исламска држава, се вратиле во Европа, каде претставуваат „целосно нов предизвик“, предупреди денеска шефот на Европол, Роб Вејнрајт. џихадистиisis teroristi 3222

– Европа сега е соочена со најголема терористичка закана во последните повеќе од 10 години. Можеме да очекуваме дека ИД или некоја друга верска терористичка група да изврши напад некаде во Европа, со цел да загинат голем број цивили, истакна Вејнрајт.

Тој, меѓутоа, одби да го поврзе досега незабележаниот раст на терористички закани со актуелната бегалска криза.
Шефот на Европол ги отфрли претпоставките дека терористи се инфилтрираат во Европа, претставувајќи се како азиланти.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1