Европската Унија соопшти дека е „шокирана” од уривањето на малезискиот авион над источна Украина и ги повика сите страни да уврдат кој стои зад тоа.
„Повикуваме на итна и темелна истрага за причините на несреќата. Мора што е можно побрзо да се утврдат фактите и одговорноста. Европската Унија ќе продолжи многу внимателно да го следи овој случај”, се вели во официјалното коминике објавено од Брисел.
Цивилниот воздушен простор над Украина е затворен на неодредено време, соопшти службата за континентални летови Еуроконтрол.
Во урнатиот авион имало најмалку 71 холандски државјанин, соопшти германскиот канал РТЛ. Според неофицијални податоци, во авионот имало и 23 патници со американски исправи, како и 9 со британски. Француските власти потврдија дека четири нивни државјани загинале во несреќата.
Меѓународната асоцијација за воздушен превоз соопшти дека не е невообичаено цивилни авиони да летаат над воени зони, под услов да се држат на надморска височина на која не е можно да бидат погодени од оружјето што се користи во конфликтот.