Европското смрзнато месо го преплави македонскиот пазар – Домашното производство пред колапс


Дуплиран увоз на месо, десеткуван домашен сточен фонд, значително намалено домашно производство, банкротирани повеќе фирми производители и преработувачи на месо. Во кратки црти ова е состојбата во која денес се наоѓа македонската месна индустрија. Домашното производство на месо е во очајна состојба, а оние производители на месо кои се уште живуркаат велат дека се бројат месеците кога Македонија ќе стане целосно увозно зависна. Ова е поразително за една земја, посебно што трендот на изумирање на доашната месна индустрија се случува во период кога од буџетот се даваат стотици милиони евра за поддршка на земјоделието и за фармерите.meso muvla

Македонија во 2014 година увезла месо и месни преработки во износ од 144 милиони евра, ова е најголемиот увоз месо во последните осум години. Причините за ваквата алармантна состојба кај увозот на месо се објаснуваат со недоволната конкурентност на домашното производство во однос на евтиното месо од увоз.

Постојат само два начина да се подобри состојбата. Првиот е зголемување на царинските давачки за увоз на месо (што е скоро невозможно со оглед на трговските договори кои ги има потпишано Македонија и со ЦЕФТА и со ЕУ) , а вториот секако е менување на моделот на субвенционирање во делот на стимулирање на домашното производство на месо на наменски начин.

Целата сторија на Капитал.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1