Германскиот конзервативен весник го обвини претседателот на Европската централна банка, Марио Драги, дека издал бланко чек на презадолжените членки во еврозната, што би можело заедничката европска валута да ја доведе на пропаст.
Најтиражниот германски весник Билд,предупредува дека потегот на председателот на централната банка може да значи дека еврото е пред крах, пренесува Ројтерс.
Шефот на банката вчера соопшти нов план за намалување на трошоците на задолжените земји од еврозоната како што се Шпанија и Италија.
Гермнската централна банка не се сложува со потегот на европската централна банка иако канцеларката Ангела Меркел го подржала директорот Драги, истовремено нагласува дека критиките на шефот на Bundesbank, Јенса Вајдман во врска со купувањето на обврзници се корисни.
Како што пишува германскиот весник Билд овој пат централната банка отиде предалеку во помошта за задолжените земји, со што ЕЦБ го прекршила својот мандат што може да ја наруши стабилноста на заедничката валута.
Германксиот министер за финансии Волфганг Шојбле, уште еднаш потенцирал дека употребата на монетраната политика за решавање на фискалните проблеми во еврозоната не може да биде трајно решение.