Официјалните лица на изборот за песна на Евровизија ја осудиле натпреварувачката на Ерменија која во текот на својот настап на 61-то издание на манифестацијата која се одржува во Стокхолм, мавтала со знамето на спорната азербејџанска област Нагорно – Карабах.
Областа Нагорно-Карабах, повеќе населена со Ермени, е во состав на Азербејџан, но е под контрола на ерменските сепаратисти.
Европската радиодифузна унија, која е организатор на Евровизија го нарекла тој инцидент за „сериозно кршење“ на нејзината забрана на сите политички пораки на натпреварот.
ЕБУ навела дека ерменскиот национален сервис ќе биде казнет, а деталите околу казната ќе бидат откриени наскоро.
Натпреварувачите од Ерменија и Азербејџан се квалификуваа за финалната вечер на Евросонг во сабота, 14 мај.
Организаторите на Евровизија порано објавија дека на актуелното 61-во издание ќе бидат збаранети занмињата на Исламската држава, Крим, Доњецката република, Палестина, Нагорно-Карабах, Баскија, Северен Кипар и Косово.