Сигурно ви се случило да објавите пост на Facebook, а откако веќе сте го стиснале копчето „Објави“ да забележите дека има печатна грешка во статусот. Facebook конечно реши да го среди тој проблем и овозможи корегирање односно едитирање на веќе објавените постови.
Засега опцијата е достапна за веб корисниците, а наскоро треба да стане достапна и за оние кои пристапуваат на мрежата преку Android уредите, а во текот на следниот период ќе биде овозможена и за корисниците на iOS уреди, пишува Mashable.
Едитирањето на постовите досега беше забрането поради можноста да се објави еден тип на статус, да се соберат многу лајкови за него и потоа да му се смени содржината во нешто со сосема поинаков контекст и дури негативна смисла. Решението доаѓа во тоа што сега постовите се означуваат како едитирани, а само со еден клик, останатите корисници ќе можат да видат што било првично напишано.
Кајгана.мк