Социјалната мрежа Facebook на корисниците во Британија и САД им ја овозможи опцијата да можат да пратат порака на славните личности, односно на луѓето кои не им се во листата пријатели, но ова нема да биде бесплатно.
Од Facebook велат дека со ова ќе се намалат непосакуваните пораки кои се испраќаат на луѓе што не ви се во листата пријатели, додека пак како и досега корисниците ќе можат бесплатно да комуницираат со оние кои се наоѓаат во таа листа.
Сите оние кои ќе сакаат да комуницираат со некој што не е во нивната листа пријатели ќе треба да платат, ако сакаат пораката да се испрати на личноста заедно со известување. Плаќањето ќе се врши со помош на кредитна картичка.
Порака на личност која не ви е пријател чини еден долар, односно таа цена ќе се зголемува и дополнително ќе се оформи зависно од популарноста на личноста на која сакате да и пратите порака. На пример, за да му пратите порака на Марк Закерберг треба да платите 100 долари.
Инаку ќе постои ограничување во поглед на тоа колку платени пораки ќе може да испрати една личност.