Факторите на кремите за сончање немаат врска – еве што треба да знаете


Не доведувајте се во ризик да имате изгореници од сонце користејќи стари креми или средства кои ја губат способноста да го блокираат УВ зрачењето по само 12 месеци. Многу клиенти кои ќе одат на плажа ова лето ќе можат да ги најдат на полиците новите креми за сончање дизајнирани како би биле делотворни и едноставни за користење.

g_krema-za-soncanje.gifИ покрај тие промени многу креми за сончање и понатаму имаат збунувачки информации за SPF за кои некои експерти сметаат дека ги доведува купувачите во заблуда и дека се потенцијално опасни по здравјето на луѓето, се наведува во здружението за зашита на потрошувачите „Environmental Working Group”. Истражувањето кое е испитано на 1400 креми за сончање, покажува дека повеќето производи ги почитуваат новите барања кои од козметичката индустрија кои ги побарала американската “Food and Drug Administration”.

По тие правила забранети се поимите како „водоотпорна крема“ која регулаторите сметаат дека директно ги доведува потрошувачите во заблуда. Меѓу барањата е и она да кремата за сончање има филтер за UVA и UVB зраци. Изминатите неколку години некои производи имале само филтери кои ги блокираат UVB зраците кои предизвикуваат најмноги узгореници, но нуделе мала заштита од UVA зрачењето кое претставува најголем ризик од рак на кожата и брчки.

И покрај овој широк спектар на заштита еден од седумте производи кои здружението за заштита на потрошувачите го има прегледано е со SPF заштитен фактор над 50. Според таа бројка експертите веќе долго се скептични па напоменуваат дека SPF броевите како 100 или 150, можат да им дадат на корисниците лажно чувство на сигурност што може да ги мотивира да останат на сонце подолго и покрај тоа што кремата престанува да им ја штити кожата.

soncanje kremiГолем број на потрошувачи претпостауваат дека SPF 100 е два пати поефикасен од SPF-50. Дерматолозите велат дека разликата е занемарена. Производот со фактор 50 може да заштити од 97% изгореници кои предизвикуваат UVB зраци, додека тие со фактор 100 можат да блокираат 98,5% од тие зраци. Освен тоа кремите за сончање треба да се користат во комбинација со заштита на главата, облеката и чадорите за сонце, како подобро би се заштитиле од ултравиолетовото зрачење.

„Заштитата од UV зраците над факторот 50 е релативно мала“, вели доктор Хенри Лим, шефот на одделението за дерматологија во болницата Хенри Форд во Детроит. SPF ја означува количината на изложеност на сонцето кое може да предизвика изгореници на заштитената кожа во споредба со незаштитената кожа. Постои широка распостранета заблуда дека бројот SPF се однесува на бројот на часови поминати на сонцето. Ова не е точно, затоа што нивото на изложеност на сонцето варира од подрачјето, времето на денот и типот на кожа. Уште во 2011 година, FDA предупреди дека означувањето на производите со SPD вредноста е повисока за 50, што значи го доведува потрошувачот во заблуда.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1