На YouTube се појави снимка од хуманитарна забава во Грачаница во една од тамошните дискотеки, на која се собирало помош за настраданите во загрозените подрачја во Србија.
На снимката се гледа како едно момче оди да краде шеќер од магацинот каде биле складирани донациите.
Него го снимиле камерите поставени во објектот, а потоа снимката е поставена на YouTube. Станува збор за 20-годишно момче, кое испило малку повеќе и во договор со другарите сакал да се пошегува со сите, пишува српски „Телеграф“.
Корисниците на социјалните мрежи го осудуваат и му упатуваат навреди, како во коментарите под видеото, така и на Фејсбук.