Фатено кучето кое напаѓаше граѓани во Аеродром


Кучето кое ги нападна децата синоќа во Ново Лисиче е конечно заловено и процесирано во стационарот Вардариште, информираа од Град Скопје.

Покрај децата, беа нападнати и возрасни граѓани, последната официјална информација е дека помош на Инфективната клиника побарале вкупно 9 лица, но на социјалните мрежи граѓани коментираат дека бројката на нападнати се движи дури до 22 лица.

„Се работи за расно куче, веројатно напуштено од својот сопственик. Известете ја полицијата ако го препознаето кучето или го познавате неговиот сопственик“, повикуваат од Град Скопје.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1