„Од него направив крвава дамка. Дојдете и повикајте итна помош, ќе му треба“.
Со овие зборови триесет и петгодишен татко ја повикал полицијата, пред која тврдел дека го затекнал Рејмонд Фолендер (18) како сексуално го злоставува неговиот 11-годишен син и тоа во неговата сопствена куќа во Дејтона Бич (САД).
Имаш среќа што верувам во Бог инаку ќе те убиев“ – викал таткото, кој на прашањето на полицијата дали користел некакво оружје, рекол дека се што му требале биле раката и ногата.
Триесет и петгодишниот маж случајно се вратил порано од работа и слушнал чудни звуци од спалната. Кога влегол, го затекнал 18 годишниот силувач со спуштени панталони.
Детето во полициската станица во Дејтона Бич (САД) рекло дека веќе 3 години, 18 годишникот кој бил поблизок роднина сексуално го злоставува.
Таткото иако го претепал силувачот до непрепознатливост, нема да добие никаква пријава, додека 18 годишниот силувач веќе е во притвор, каде го чека обвинение за полов напад врз дете помладо од 12 години.