Кварталниот извештај за внатрешните дисциплински мерки покажал, на кој начин агентите на ФБИ ја „убиваат“ досадата на работа. Испраќањето на голи фотографии на колешките преку службените телефони, озвучување на канцелариите на шефовите, спиењето со доушниците, гледање на порнографија и пребарување на податоците на пријателите и колегите во агенциската база, се само некои од најинтересните „шеги“ во канцелариите на ФБИ.
Додека повеќето од вработените во ФБИ од околу 36,000 вработени, се однесуваат професионално, дисциплинскиот извештај покажал дека од 2010 до 2012 година, биле покренати дисциплински мерки за 1045 вработени, од кои 85 биле отпуштени од работа и тоа обично за тешко кршење на законот во приватниот живот, како неплаќање данок, возење во пијана состојба, украдени кредитни картички и романтични врски со дилерите.
Во извештајот се опишува и често испраќање на пораките со сексуалните содржини меѓу вработените и тоа често со службени телефони околу работното време.
„Се надеваме дека овој извештај ќе ги научи луѓето, како и нивните претпоставени, дека овие работи нема да продолжат. Не ви ги дадовме телефоните (FBI блекбери) за да испраќате СМС на жените во соседните канцеларии за кои сметате дека се атрактивни, ниту пак да испраќате свои фотографии без облека“, изјавила помошник директорката во агенцијата Кендис Вил за Си-Ен-Ен.
Примерите на неприфатливо однесување во агенцијата чиј слоган е „лојалност, храброст, интегритет“, се опишани во пораките до вработените, во кои се наведува дека на тој начин сака да им се помогне да ги избегнат етичките замки и други кршења.
Кендис истакнала дека без оглед на тоа колку долго ја работи својата работа и дека постојат денови кога ќе помисли дека видела се во својата кариера, сепак постојат измами во досиејата кои не престануваат да ја изненадат.