ФБИ дало 1 милион долари за отварање на ајфонот на напаѓачот од Сан Бернардино


ФБИ плати над еден милион долари за хакери, кои требаше да ја разбијат заштитата на ајфонот на еден од напаѓачите во Сан Бернардино, изјави директорот на Бирото, Џејмс Коми.FBI

Тој одговарајќи на прашање на конференција за безбедноста, која се одржа во Лондон, во врска со сумата, платена од ФБИ за отварање на смартфонот, одговори: „Плативме многу. Со сигурност сумата е поголема од таа што ќе ја заработам, додека истече мојот мандат на оваа функција по седум години и четири месеци“.

Платата на Коми е 14.900 месечно, а според овој показател ФБИ за деблокирање на телефонот платила 1,3 милиони долари.

ФБИ и компанијата Епл водеа судски спор поради смартфонот на Сајед Фарук. Епл одби да ги деблокира и го принуди ФБИ сам да се справи со ситуацијата.

Фарук и неговата сопруга застрелаа кон крајот на минатата година 14 лица во социјален центар во Сан Бернардино во Калифорнија, пред да бидат ликвидирани во претстрелката со полицијата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1