ФБИ обвини богати родители – преку врски ги запишувале децата на угледни универзитети – меѓу нив двете актерки


Холивудските актерки Фелисити Хафман и Лори Лафлин познати по улогите во сериите ,,Очајни домаќинки” и ,,Полна куќа”, се обвинети за плаќање мито на универзитетски управи преку посредници со цел нивните деца да бидат примени да студираат на престижни универзитети.

Според обвинението кое е поднесено против актерките, посредниците ги фалсификувале документите на децата, вклучително и резултатите од тестот, за да создадат олеснителни околности тие полесно да бидат примени на престижни универзитети.

Против Вилијам Сингер, кој раководел со мрежата , се подигнати четири обвиненија , меѓу другото за изнуда и за перење пари. Организацијата со која раководел Сингер примила вкупно 25 милиони долари од родители, кои сакале да ги запшишат своите деца на престижни универзитети како Јеил, Џорџтаун, Стенфорд, УЦЛА и Веик Форест.

Вкупно 33 родители се обвинети зашто побарале услуги од Сингер и за тоа платиле од 200.000 до 6,5 милиони долари за студент.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1