Фејсбук на сите свои корисници им прати известување дека од 1-ви јануари 2015-та година стапуваат на сила новите правила. Станува збор за услови на користење, како и подобро пласирање на рекламите кои секојдневно ги гледаме.
Во делот на сајтот кој се нарекува „Privacy Basic“ корисниците на интерактивен начин можат да дознаат што ги интересира за користење на популарната друштвена мрежа. Тука на корисниците ќе им биде објаснето што луѓето можат да видат на нивните профили, како другите можат да комуницираат со вас, како и што вие можете да видите во сопствениот News Feed.
Компанијата со новите услови на користење ќе ги подобрат и типовите на реклами кои нам ни се сервираат. Новата политика на Фејсбук ќе научи уште повеќе за работите кои ги интересираат корисниците и на сите ќе им понуди реклами на основа на тоа што ги интересира. Од сега ќе гледаме исти реклами на сите уреди со кои пристапуваме на оваа друштвена мрежа, а кога еден оглас ќе го означиме како „непосакуван“, тој повеќе никогаш нема да се појави повторно.
Со самото прифаќање на условите на користење ние одамна дозволивме на Фејсбук да прикажува многу информации за нас, како што и на кое место се наоѓаме, името, презимето, датумот на раѓање, а на основа на она што следиме (лајкуваме и коментираме), Фејсбук може да добие и некоја општа слика за профилот на корисниците.
Најавено е дека во некои региони, интернет гигантот ќе започне да тестира и таканаречената „Buy“ – купи, опција која на корисниците ќе им овозможи да купуваат различни производи без потреба да ја напуштаат страницата на популарната друштвена мрежа.
Целокупниот извештај за новите услови можете да ги прочитате тука.
Во исто време на фејс почна да кружи наводна изјава која мора да ја копирате и објавите за да се заштите но таа е лажна. Објавувањето на ваков текст на вашиот профил нема да смени ништо.
Текстот кој се шири на Фејсбук е следниов:
Денес во 10.00 часот стапи на сила Законот за facebook. Изјавувам дека за употреба на моите лични податоци и фотографии е потребна моја согласност (Бернска конвенција). Секој што го чита може да го копира овој текст и да го објави на својата ФБ страница. Тоа ќе го стави под заштита на Законот. Ја известувам администрацијата на ФБ дека од овој момент е забрането објавување, копирање и дистрибуирање на моите лични податоци или преземање на било каква друга акција против мене врз основа на мојот ФБ профил и неговата содржина. Содржината на овој профил е под невидлива ознака „ПРИВАТНО“ и не смее да се нарушува. (UKC 1 1-308-1-103 и Римски статус). На сите членови се препорачува да го објават ова известување во оваа форма или дополнето со нови детаљи кои се однесуваат на можноста за злоупотреба на податоци од ФБ профилот и приватните преписки кои се во врска со ФБ комуникацијата. Препорачливо е известувањето да се објави во оваа форма. Ако изјавата не ја објавите на вашиот ѕид, ќе се смета дека преќутно сте дозволиле да се користат вашите лични, биографски податоци, фотографии и останати елементи од профилот како и испраќање вируси во мое име.