Фејсбук го спаси животот на двегодишно детенце


Кристи Хардинг налетала на Фејсбук страница направена за апел за помош на двегодишно девојченце кое пати од ретко генетско пореметување, кое и влијае на бубрезите, и решила да и подаде рака и да и помогне.

devojce33Оваа девојка стапила во контакт со болницата во Минесота, каде девојчето се лекувало, со цел да види што може да направи за да и помогне. На двегодишната Ариана Мур и бил итно потребен бубрег за да преживее, а среќната вест била дека бубрегот на хуманата Кристи ќе и одговара и ќе и го спаси животот, пренесува Хафингтон пост.

Иако за жената девојчето е потполен странец, таа поминала 2.500 километри за да ја спаси. Наскоро, на седми идниот месец ќе и донира бубрег со што оваа приказна ќе заврши среќно.

Па, ова е доказ дека и покрај суровиот свет во кој живееме, се уште постојат луѓе кои знаат да помогнат и да подадат рака. Браво за оваа девојка која ќе спаси детски живот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1