Фејсбук карта на светот: Кои земји се „најдобри пријатели“ и со кого Македонија се дружи


Досега е добро познато како друштвените мрежи и мобилната технологија го променија начинот на кој што луѓето комуницираат, а Фејсбук гордо обелодени дека во досегашната осумгодишна платформа има милијарди активни корисници.

Фејсбук во соработка со дизајнерската студија „Стамен“, неодамна ја претстави новата интерактивна карта која сликовито ги прикажува земјите кои се „најдобри пријатели“ на Фејсбук.

Така на пример корисниците на Фејсбук во Јордан имаат најмногу врски со жителите од палестинската територија, а тоа се однесува на Египет, Израел, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати.

Од друга страна на Балканот корисниците во Хрватска имаат најмногу пријатели со БиХ, Црна Гора, Австралија, Србија и Словенија. Македонците најчесто се спријателуваат со фејсбуковци од Албанија, Србија, Бугарија, Швајцарија и Босна и Херцеговина.

Картата се фокусира на историските, економските, јазичните и културните врски кои ги поврзуваат кои било две земји, а може да се класифицира и по заедничките јазици кои се користат низ целиот свет.

Картата може да ја погледнете ОВДЕ

Share Button
Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1