Според светските медиуми денес се можни проблеми со социјалната мрежа Фејсбук. Имено, корисниците од цел свет јавуваат дека нивната омилена социјална мрежа не функционира како што треба или пак воопшто не функционира.
На некои од корисниците им се јавува грешката “Sorry, something went wrong” додека другите не можат да ги проверат промените на ѕидот.
Моментално нема информации дали се работи за поголем проблем, дали е целосно отстранет или дали во текот на денот ќе има повторни грешки на Фејсбук.
Паѓањето на Фејсбук предизвика вистински хаос помеѓу корисниците кои своето незадоволство го искажаа преку Твитер, а социјалната мрежа повторно профункционира во поголем дел од светот.