Фејсбук веќе автоматски ги прилагодува публикациите да се видливи само за пријателите. Досега социјалната мрежа ги пушташе постовите видливи за “сите”, освен ако експлицитно не го промениме тоа. Иновациите ќе важат само за новорегистрираните, соопштија од компанијата.
Помошно прозорче со динусаурсче сепак ќе ги прашува старите корисници дали сакаат да ги менуваат поставките. Тоа се појавува кога ќе се влезе во полето за пишување на нов пост, а видливоста му е ставена на “сите”.
“Некои луѓе сакаат да ги споделат своите мислења со сите. Други, пак, велат дека претпочитаат содржината што ја објавуваат, да е видлива за помала група – како нивните пријатели. Ние процениме дека е многу полошо да споделиш нешто со некого со кого не сакаш, отколку обратно.
“Затоа ја направивме промената за новите корисници кои уште не знаат што се случува на сајтот. Помисливме и на старите, затоа го обезбедивме динусаурусот “, објасни Фејсбук во блог пост.
Компанијата лансира и апликација која овозможува на корисниците да доаѓаат во вашиот сајт анонимно. Не е копче што да запира следење од Агенцијата за национална безбедност, но сепак е нешто коментира онлајн изданието “Машабл”.