Фејсбук моментално работи на идејата за нова временска рамка (timeline). Нов Зеланд беше избран како “место за тестирање”, жителите на Нов Зеланд ќе бидат првите кои ќе можат да го пробаат новиот дизајн.
Првите фотографии покажуваат дека Фејсбук одлучил да го задржи заглавието, а измените се однесуваат на полињата за пријатели, фотографии, мапи и страни кои ви се допаѓаат се трансформираат во ново под-мени.
Временската рамка завзема две третини од страницата и повеќе акцент става на она што ние споделуваме, објавуваме, закачуваме, и она пријателите што ни го оставиле на нашиот профил.
Исто така, има нова опција “Ми се допаѓа страницата” (Like page), со која можеме да “лајкаме” нечија официјална страница на Фејсбук, додадена е опција да ги следиме и сличните Фејсбук старни, пренесува Mashable.
Факултети