На друштвената мрежа Фејсбук повторно кружат лажни пораки дека фолкерот Аца Лукас трагично настрадал. Аца Лукас е жив и немал сообраќајка како што објавиле на Фејсбук дека фолкерот настрадал во пожар кој го зафатил неговиот автомобил.
„Повторно лажат, жив сум, здрав сум и ќе биде така се додека оној горе не каже поинаку- изјавил Лукас.
Ова не е прв пат Лукас да биде прогласуван за мртов.
ВЕСТА ПОВТОРНО Е ОБЈАВЕНА ОД САЈТ hoax.com – КОЈ НЕКОЛКУПАТИ ПОСТИРА ЛАЖНИ ВЕСТИ СО ЦЕЛ ДА ДОБИЕ КЛИКОВИ ПРЕКУ КОИ ПОТОА ЌЕ НАВЛЕЗЕ ВО ВАШИОТ ПРОФИЛ, ЌЕ ПОСТИРА ВО ВАШЕ ИМЕ БЕЗ ДА ЗНАЕТЕ.
Претходно објавени беа вести дека Тоше е убиен, дека е најден атентаторот на Трајковски и уште еден куп други.