Фејсбук призна: Ги издававме вашите податоци!


Државните служби на 74 земји барале од Фејсбук информации за 38.000 корисници на оваа социјална мрежа во првите шест месеци од оваа година, наведе компанијата

fejsbukПоловина од сите барања се од властите на САД. Фејсбук како последна технолошка компанија објави податоци за тоа колку често државите бараат  информации за нејзините корисници. Тоа веќе го направија Микрософт и Гугл. Фејсбук наведе дека планира редовно да ги објавува ваквите податоци. Како и во случаите со другите компании, не може многу да се дознае од она што Фејсбук го објави.

Главниот адвокат на Фејсбук наведе дека компанијата се бори против ваквите барања што може повеќе, и дека настојува да го стесни опсегот на податоци и додава дека, кога од неа се бара да одговори на одредено барање, најчесто дава само основни информации за корисникот, како што е неговото име.

Фејсбук и другите технолошки компании беа критикувани затоа што и помогнале на НСА тајно да собира податоци за корисниците. По сојузниот закон на САД, владата има право да бара податоци и без официјален судски налог.

Не е јасно колку, од 26.000 барања на разни влади за 38.000 корисници, се однесуваат на потребите на полицијата, во кривична истрага, а колку се поврзани со известувачка работа и прашања на државната безбедност.

Експертите велат дека се почести барањата во врска со кривична истрага, отколку во врска со прашања за безбедност.

Податоците се непрецизни затоа што американската влада им забранува на компаниите да откријат колку пати од нив било побарано да ги предадат податоците за своите клиенти. Фејсбук за САД објави само недефинирани бројки.

Фејсбук и Твитер станаа платформи за организирани демонстрации во низа земји. Така турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган за време на антивладините протести во мај годинава, рече дека социјалните мрежи се најголема закана за општеството.

Фејсбук тогаш демантираше дека на турската влада и давал податоци за организаторите на тамошните протести.По денес објавените податоци, турските власти поднесоа 96 барања за податоци за 173 корисници на Фејсбук. Фејсбук наведе дека дал некои информации за 45 лица, но не наведе каков вид на податоци давал и зошто.

Nova Makedonija

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1