Синодот на Македонската Православна црква – Охридска Архиепископија, следната година на некоја од синодските седници ќе ја допрецизира одлуката за користење на социјалната мрежа Фејсбук.
Македонските археиереи, по жестоките критики од јавноста, изгледа ретерираат од првичната одлука за забрана за користење на фејсбук за свештениците, монасите и епископите.
– Едно од прашањата кое предизвика огромно внимание изминатава година, а тоа е користењето на социјалната мрежа Фејзбук, ќе се решава на синодска седница следната година. Нема да станува збор за забрана, туку за начинот на кој ќе се користи оваа социјална мрежа – изјави по Синодската седница, епископот Хераклејски и секретар на САС на МПЦ-ОА, г. Климент.
Македонските владици на денешната синодска седница ги анализирале епархиските активности за оваа 2013 година. Начелно за МПЦ ова била уште една добра година во поглед на духовната грижа за верниците.