Феноменот Дежа ву: Мистерија која сите сме ја доживеале


Дежа ву- веќе видено, опишува феномен во кој поединецот одеднаш добива чувство дека знае што ќе се случи следно или како веќе да ја проживеал ситуацијата во која се наоѓа, го посетил тоа место или искусил нешто.mozok zeni mazi

Во продолжение прочитајте ги теориите за потеклото на дежа ву

Научниците имаат неколку теории за тоа од каде доаѓа чувството „веќе видено“. Така когнитивни психолози сметаат дека станува збор за одамна заборавени делови на сеќавањата кои во основа се пријатни, а следбениците на Фреуд тврдат дека станува збор за поттиснати сеќавања од детството во кои егото на поединецот потсетува на неговото минато и скриени стравови.

Нешто побизарно гледиште имаат парапсихолозите, кои велат дека дежа ву е резултат на сеќавање од минатите животи, пред реинкарнацијата во овој живот. Сепак, најчесто е прифатена тезата дека се работи за аномалија на памтењето во кое гледаме нешто слично, па тоа не потсетува на заборавеното.

Подврсти на „веќе видено“

На врвот на јазикот

Со тоа се опишува состојба во која нешто ни е „на врвот на јазикот“. Имаме чувство дека ќе се сетиме или ќе изговориме нешто исклучително важно.

Дежа ентенду

Означува она што веќе сме го слушнале т.е. сигурни сме дека знаеме за што се зборува, макар не можеме да се сетиме кој, кога и каде некој тоа ни го зборувал.

Дежа сенти

Се темели на веќе проживеани чувства т.е. прави во некои ситуации во минатото индентично да сме се чувствувале, но не можеме да се сетиме на деталите на тоа.

Дежа веку

Означува облик на дежа ву во кое со сигурност знаеме што ќе се случи следно.

Дежа визите

Се однесува на точно препознавање и снаоѓање по место на кое никогаш не сме биле, но од некоја причина ни е познато.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1