ФФМ се извини: Техничка грешка имало при гласањето на Пандев


,,Станува збор за техничка грешка. Јасно е дека Горан Пандев својот глас го дава за Жозе Мурињо.“

ФФМ со официјално соопштение призна дека дошло до техничка грешка и дека Пандев своите пет бода ги дал за актуелниот тренер на Реал Мадрид, Хозе Мурињо а не за шпанецот Дел Боске, а потоа им се извини на сите вмешани страни во овој скандал.

Pandev-wants-to-face-Inter-Milan-in-the-Champions-League-and-happy-with-life-in-Napoli-117165Во соопштението на ФФМ до јавноста, пишува: „При пополнувањето на прашалникот поради техничка грешка, без било каква намера да се злоупотреби изборот на Пандев, беше обележано името на Висенте Дел Боске. Следниот ден прашалникот беше испратен до ФИФА. Станува збор за техничка грешка. Јасно е дека Горан Пандев својот глас го дава за Жозе Мурињо.“

„Ја користиме оваа прилика да упатиме извинување до ФИФА, Жозе Мурињо и до нашиот капитен Горан Пандев за непријатноста на која беа изложени. Се надеваме дека последиците не се од големи размери и немаат големо влијание во изборот за најдобар тренер.“-додаваат од ФФМ и при тоа не објаснува, дали и кој ќе превземе одговорност за овој скандал за кој известија сите поголеми спортски медиуми во Европа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1