Во текстот Фидел пишува за тоа како Куба во текот на 80-тите години се обратила на своите пријатели Северна Кореја за воена поддршка откако тогашниот лидер на Советскиот сојуз, Јуриј Андропов и дал на Куба до знаење дека нема да ги брани доколку бидат нападнати од САД.
“Побаравме од пријателите оружје за да можеме да вооружиме милион кубански борци”, истакнал Кастро.
“Другарот Ким ил Сунг, ветеран и горд војник, ни прати 100.000 пушки Калашников и притоа не побара ни цент”, открил Фидел Кастро.
Потсетуваме, на почетокот на јули, Панама застана севернокорејски товарен брод, кој пренесувал шеќер и застарено оружје. Од Куба изјавиле дека станува збор за старо оружје кое го пратиле на поправка во Северна Кореја.