Fico остана во сеќавањето на многумина кој паметат како се живееше во стара Југа, тоа беше да не речеме единствено, но со сигурност најзастапено превозно средство.
Одеше полека, имаше непријатни седишта – далеку од удобните автомобили денес, но некако успвавме сите да се стиснеме во него и да стасаме каде треба.
Се прегреваше често – па како што сега застануват да се чекираат на фејсбук, тогаш се застануваше и се креваше хаубата (задна) за да се лади моторот нормално.
Не ретка пак беше и сликата на фичиленце како ,,шиба,, по патот а хаубата крената и потпрена со парче дрво, за да се лади моторото нели:)
Tогаш, немаше радија, главно самите си пеевме. Оние подосетливите носеа транзистори, но како што батериите не траат многу сопствениот глас беше главна забава во Фиќото.
Често застанувавме крај патот за да се јаде – тогаш немаше бензиски на секој чекор со кафулиња и ресторани – храната моравме да си ја носиме со себе. Термосот беше неизбежен – точно знаевме колку кафиња собира малиот, а колку голмиот термос.
Така опремени, вооружени со храна, термос и сопствен глас, ние минувавме километри и километри најчесто до Јадранското Море, а богами и преку цела Југославија.
Патувањата беа многу подолги отколку денес, ние немавме дигитални камери и не постиравме фотографии на фејс – туку праќавме разгледници – едноставно живеевме поинаку. Тоа беше убаво и необично време. Се сеќаваш?